Во главниот град на САД, Вашингтон, ќе може да се пуши марихуана неказниво откако на полноќ стапи во сила решението донесено од жителите на Вашингтон на референдум во ноември.
Со тоа федералниот округ Колумбија се присоединува кон државите Колорадо, Алјаска и Вашингтон, кои веќе ја легализираа употребата на марихуаната. Во јули на групата им се придружи и Орегон.
Околу половина од сојузните американски држави дозволија употреба на марихуана за медицински цели, а во останатите употребата на марихуана е наказнива.
Во Вашингтон ќе може да се пуши марихуна само дома, а забранета ќе биде на јавни места. А, ќе биде дозволено и одгледување канабис во домашни услови, но само три стебла, а граѓаните ќе можат да поседуваат околу 60 грама марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.