Американската компанија за спортска опрема „Најк“ му упати ултиматум на Кристијано Роналдо во врска со неговиот бренд „ЦР7“.
„Најк“ сериозно размислува да го раскине договорот вреден девет милиони евра по сезона со најдобриот светски фудбалер.
Роналдо прејде во офанзива со развојот на својот бренд во кој од сега влегоа и патики. Според Американците, Роналдо ги минал сите граници, па тие размислиуваат за прекин на соработката.
Наводно, како што објавиле дел од шпанските медиуми, Роналдо добил кратка и јасна порака – или откажи се од својата колекција или ние ќе се откажеме од тебе.
Тој својата колекција ја презентирал на Саемот за модата во Милано. Во колекцијата на Роналдо се покласични обувки, за разлика од патиките на „Најк“, но Американците гледаат големо ривалство во сето тоа.
Патиките што Роналдо ги презентирал во Милано се движат меѓу 100 и 550 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)