| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Западот не сака примирје во Украина

­ Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска оцени дека заканите на Западот за воведување на дополнителни санкции кон Русија докажуваат дека Вашингтон и Брисел не сакаат да успее примирјето во Украина. ­

Тоа е обид да се сврти вниманието од потребата за исполнување на мировниот договор од Минск, а зад ови повици скриен е недостигот на желба на овие актери, САД и ЕУ да биде постигнато тоа што е предвидено со договорот од Минск, истакна Лавров.

Лидерите на Германија, на Франција, на Русија и на Украина на 12 февруари во Минск постигнаа договор со кој се предвидува примирје во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top