Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, во соработка со стопанските комори, организираше промоција на интернет на домашни компании од прехранбената индустрија пред повеќе од 30 промотори во светот.
Како што соопшти Агенцијата, компаниите што се пријавиле за учество специфицирале кои пазари се приоритетни за нив.
– Овие средби се многу корисни за нас бидејќи во друг случај би било претешко од организациски и финансиски аспект да се постигне оваа цел. Очекувам промоторите да добијат подлога и да имаат повеќе информации со кои ќе ја претстават компанијата во земјите во кои дејствуваат – изјави Драги Поп Стојанов, споственик на компанијата „Агрофруктус“ од Струмица.
Според Агенцијата, за успешно реализирање на видеосредбите, одделно се определуваат поедниечни сектори како можност за освојување нови пазари.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ќе продолжи на кваратално ниво да одржува средби од ваков вид и ги поканува сите заинтересирани компании да учествуваат во проектот со цел изнаоѓање нови пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.