| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта ќе му понуди нов договор на Антиќ?

Перо Антиќ е во шутерска криза во последниот период во НБА лигата, има послаб ефект во ударот од поле и за тројка од лани, но според тренерот Мајк Буденхолцер македонскиот кошаркар е мошне важна алка во ротацијата на водечката екипа во Источната конференција. Според информациите од локалните медиуми во Атланта, раководството на клубот размислува да му понуди нов договор на првиот Македонец во НБА лигата. Антиќ летово ќе биде слободен играч, откако го одработи двегодишниот договор.

„Ние го охрабруваме Перо да продолжи да шутира. Секој има кризни периоди во играта, а за нас Антиќ има многу важна улога. Тој прави доста позитивни работи за тимот и веруваме во него. Кога ќе ги погледнете сите статистички категории ќе го забележите ефектот на Перо. Да не ги споменувам тие работи што не се гледаат, а се позитивен придонес од Антиќ за Атланта“, изјави Буденхолцер.

Во првата сезона Антиќ имаше просек од 7 поени и 4,2 скока, додека во ова издание од НБА лигата досега тој бележи 5,7 поени по меч и 3 скока.

peroo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top