Атланта хоукс направи огромен пресврт и од минус 12 поени против Далас маверикс стигна до победа од 104-87, и тоа против силна екипа, кандидати за титулата во НБА-лигата.
Перо Антиќ немаше свој ден и ги утна сите три обиди за тројка, па остана без поени во 45. триумф сезонава на „јастребите“. Денис Шредер со 17 поени го предводеше најдобриот тим во источната конференција до победа, а уште шестмина кошаркари имаа двоцифрени поени. Најефикасен на мечот со 19 поени беше Монта Елис од Далас, но тоа беше доволно само за 21. пораз во сезоната.
Резултати: Атланта – Далас 104-87, Орландо – Мајами 90-93 (по продолжение), Бостон – Њујорк 115-94, Чикаго – Шарлот 86-98, Хјустон – ЛА клиперс 110-105, Милвоки – Филаделфија 104-88, Минесота – Вашингтон 97-77, Њу Орлеанс – Бруклин 102-96, Денвер – Феникс 96-110, Јута – ЛА лејкерс 97-100, Сакраменто – Мемфис 102-90, Портланд – Сан Антонио 111-95.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.