| четврток, 6 декември 2018 |

Одрон на патот Маврово-Дебар, сообраќајот по една лента

odron

На патниот правец Маврово – Дебар поради одрон кај село Сенце сообраќајот се одвива по една коловозна лента само за патнички моторни возила. По една коловозна лента се одвива и сообраќајот на патниот правец Дреново – Прилеп на 1,5 километар по бензиската пумпа поради нанаос на кал во должина од пет метри. Поставена е соодветна сигнализација.

 Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 100 метри поради магла има во Охрид.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што поминуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.

Од „Геинг“ известуваат дека  за потребите за изработка на проектна документација за изградба и инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, на делницата Скопје – Велес во зоната на наплатната станица Отовица, од 26.2.2015 година ќе се почне со геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за кое ќе се воведе времена измена на режим на сообраќај.

Ќе се поставува соодветна вертикална сигнализација за привремен режим на сообраќај за работа на пат, во согласност со издаденото Одобрение од Министерството за транспорт и за врски и изработениот Основен сообраќаен проект.

Времетраењето на привремената измена ќе почне од 26.2.2015 година и ќе трае до 05.3.2015 година.

Работите ќе се изведуваат во временски период од 7.00 до 17.00часот, додека, пак, сообраќајната сигнализација за привремена измена на режим на сообраќај ќе биде поставена 24 часа на траса.

Од ГЕИНГ изевстуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за изградба на инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, делница Скопје – Велес во зоната на наплатната станица Петровец (во двата правци), од 23.2.2015 година почнати се геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за што е воведена привремена измена на режим на сообраќај. Поставена е соодветна вертикална сигнаизација за работа на пат. Активностите ќе траат до 28.2.2015 година и ќе се изведуваат во текот на денот од 7.00 до 17.00часот, додека сообраќајната сигнализација ќе биде поставена 24 часа на трасата.

Од „Геинг“ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.1.2015 година почнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.6.2015 година). Работите се изведуваат во временски период од 6.00 до 19.00 часот.

На делот од патот од брана Маврово до крстосницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето од „ИРД инженеринг“ од 10 февруари 2015 година, почнуваат работи на мостот A1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес-Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на новопоставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

 На 19.12.2014 година прочнува привремениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од привремен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.3.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Се молат сите учесници што управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување за сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top