Утрово имаме до умерено облачно и претежно тивко време. Утринската температура се движи од -4 до 6 степени, и тоа:
-4 Маврово, -3 Берово, -2 Лазарополе и Крушево,, -1 Скопје-Петровец, и Кр. Паланка, 0 Битола, Прилеп, Тетово и Претор, 1 Охрид, и Д.Капија, 2 Штип, Кавадарци, Куманово, Дебар и Виница, 3 Скопје-З.Рид, и Гевгелија, 5 Струмица, 6 Дојран.
Во поголем дел од земјата во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови променливо облачно, доцна попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12 степена.
Утре ќе биде претежно облачно со врнежи, особено во југоисточните делови, каде што локално ќе наврнат повеќе од 20л/м2 дожд. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи, а на повисоките планини снег. Врнежите ќе бидат со слаб интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.