Претпладне во централните и источните делови oд земјата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во останатите делови облачно. Попладне почнувајќи од југозапад ќе почнат обилни со врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Денеска максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 14 степени.
И утре и в понеделник Македонија ќе биде под влијание на нов влажен бран и повторно ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат обилни и да надминат 35 л/м2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.