Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случила на патот Битола – Ресен.
Според информациите, денес околу 19.40 часот на магистралниот пат пат А3 Битола-Ресен кај местото викано „Чешмите“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистерски таблички и товарно моторно возило со албански регистерски ознаки.
При несреќата, возачот на БМВ-то починал на лице место. Сообраќајот е во прекин за товарни моторни возила.
Претходно, локалниот портал Шеталиште објави дека во сообраќајката животот го изгубил познат музичар од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


