Тројца новинари од катарската телевизија „Ал џезира“ се уапсени денеска во Париз, откако управувале беспилотно летало во француската престолнина, јавија извори блиски до истрагата.
-Првиот управувал со дронот, вториот правел видеозапис, а третиот гледал, изјави изворот.
Друг истакна дека засега не е утврдена врска меѓу овој случај и мистериозните прелетувања на беспилотни летала над Париз во текот на ноќта, кои ги вознемирија властите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.