Информиран сум од МВР дека од нивната комуникација со Обвинителството се цени дека за сето ова постојат цврсти докази, како материјални, така и сведочења, а за дел од нив ќе говорам и подоцна. Значи, цврсти и непобитни докази, рече премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција.
Груевски рече дека дел од пронајдениот материјал кај лицето З.В. е пронајден и во компјутерот на неговата сопруга која го користела на нејзиното работно место во една финансиска организација во сопственост на приватна компанија од една соседна држава.
– За тоа дали лицето З.В. и неговото семејство имале или не одредени незаконски дејства, укажуваат и нивните панични реакции во обид со секира да го скршат комјутерот, низ прозорец да ги фрлат мобилните телефони во кои испраќањето пораки било со шифри со комбинација на броеви, и за нивната инволвираност прибавените докази МВР ги достави до Јавното обвинителство и ќе бидат презентирани пред судот во натамошната постапка. Дали некој од Вас, доколку е невин, и по некој случај му дојде полиција за претрес, ќе го крши компјутерот со секира, ќе го фрла мобилниот телефонот низ прозорец, и дали некој нормален човек со сопругата и децата се допишува наместо со букви, со бројки, шифри кои секој од нив знае како да ги дешифрира и да ги претвори во текст? – рече Груевски.
Премиерот истакна дека, за среќа, сето тоа е дешифрирано и обезбедено како доказ за на суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски