Тони Блер денеска бил во посета на Белград и одржал едночасовно предавање на одделни министри, објавија српските медиуми. Неговата посета била тајна.
Никој од министрите не сакале да коментираат за што станува збор.
Предавањето било на Дедиње, а по завршување на предавањето, никој не сакал да коментира за што се разговарало.
На некогашниот шеф на британската влада очигледно му било важно состанокот во Белград да биде во тајност. Како што пишуваат медиумите, тој Клубот на пратеници каде што бил состанокот, го напуштил од задниот влез, најверојатно излегол низ кујната. Тој објектот го напуштил во придружба на блиндирани комбиња и автомобили.
Како што дознаваат медиумите, Тони Блер на министрите им ја објаснувал стратегијата за политичко делување, односите со јавност и начинот на кој тие треба да комуницираат со медиумите. Блер им порачал дека треба да се фокусираат на три или четири теми во текот на својот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Ни помалку, ни повеќе, Тони Блер, поранешниот британски премиер дава совети вредни 12 милиони долари




