Новата домаќинка на „Икс-фактoр“, хрватската водителка Антонија Блаче посветено работи на својот изглед пред почетокот на втората сезона на шоуто. Таа во многу краток период изгуби десетина килограми, се со цел да биде на ниво на својата задача.
– Повторно вежбам и здраво се хранам. Не јадам тестенини, леб и пецива. Морам да бидам на ниво на задачата, сепак, ги бранам боите на мојата земја, односно сакам да бидам претставник на кој гледачите ќе бидат горди – изјави водителката на промоцијата на новите водители и жири на шоуто.
Нејзин партнер на сцената ќе биде српскиот актер Александар Радојчиќ, а од позади сцената ќе известува нашата Снеже Велков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.