Александар Белов и неговата инструкторка Марина Овезовска од „Танц со ѕвездите“ се партнери и надвор од танцовиот подиум – коментираат учесници на новото шоу на МТВ. Белов барем засега ги отфрла овие трачеви и тврди дека тој и неговата партнерка се одлична двојка само на подиумот.
– Навистина нема ништо од тоа, Марина има момче, а јас сум многу добар пријател со него – изјавил пејачот за „Кирилица“.
Двојките во шоуто веќе неколку месеци секојдневно вежбаат заедно, па беше само прашање на време кога некој ќе ја помеша хемијата која тие ја имаат меѓу себе додека танцуваат со нешто повеќе. Сепак, не се вели за џабе дека танцот е само израз на хоризонталните желби.
Александар и Марина во последната емисија играа виенски валцер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарко Спејко во врска со кумашинката на Заев: Не е точно дека Љупка се разведе заради мене (Фото)
-
Ова е моментот кој го означува крајот на секоја врска…
-
Шест години е во љубовна врска со својот автомобил: Се вика Чејс и редовно имаме секс (Видео)
-
Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат? Бикот се запушта, Девиците ги кријат емоциите