Мeксикански научници развиле тест на кожата, со кој ќе се овозможи рана дијагностика на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Екипа научници од Универзитетската болница Сан Луис Патоси во Мексико на чело со Иденфонсо Родригез Левјон открила дека со тест на кожата можно е да се одреди ненормалното ниво на протеини кои укажуваат на симптомите на овие болести.
Во истражувањето учестувале 20 лица кои патат од Алцхајмерова болест, 16 од Паркинс, 17 сенилни и 12 здрави лица на кои им е земен примерок од кожата.
Научниците заклучиле дека на кожата на лицата кои имат Алцхајмерова или Паркинсонова болест пости седум пат поголемо ниво на протеините тау, која се наоѓа во ќелиите на централниот нервен систем.
Алцхајмерова болест е тешка, неизлечива, дегеративна болест на мозокот, која може да предизвика смрт. Паркинсонова болест е болест на пореметување на движењата, поради намалување на лачењето на хемиските супстанци допамин во делот на мозокот, кој има важна улога во контрола на движењата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.