| четврток, 6 декември 2018 |

Еден пешак загина, друг е во болница во сообраќајка во Автокоманда

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која вчеравечер во 19,05 часот се случи на ул. „16-та Македонска Бригада“ во скопската населба Автокоманда.

Според извештајот на МВР, до несреќата дошло кога В.А.(50) од с.Сопиште, скопско, управувајќи патничко возило „рено клио“  удрил во пешаците Јордан Н.(50) од Скопје и М.Н.(49) од с.Кондово, скопско.

Од незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што од повредите Јордан починал, додека М.Н. е пренесен во Ургентен центар Скопје каде е задржан за понатамошно лекување. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top