Чаша вино за време на бременоста може да го запре дишењето на бебето за два часа, покажува новото истражување, со што лекарите повикуваат идните мајки да не употребуваат алкохол.
Според британските истражувачи виното, дури и во мали количини, може да го запре дишењето и движењето на бебето за два часа. Тоа го побива мислењето дека безбедно количество вино, за време на бременоста е една или две чаши, еднаш или двапати неделно.
Според водечкиот автор, професор Питер Хапер, ова е прво истражување од ваков вид за ефектите од алкохолот во Обединетото Кралство.Тој објасни дека последиците од виното, не се корисни и нормални за бебето, бидејќи тоа треба да е секогаш активно, а дури и малите количини вино, за часови го запираат неговиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.