Во јужноамериканскаta земја Еквадор, се продава најскапотo темно чоколадо во светот. Ова темно чоколадо чини 230 евра, за 45 грама. Овој деликатес се вика „To’ak“, што на антички еквадорски дијалект значи „земја“ и „дрво“.
Најскапото чоколадо не се допира со раце, туку се јаде со помош на специјална дрвена штипка. Креаторите на чоколадото тврдат дека на овој начинот се чувствува неговиот суптилен мирис.
Чоколадото содржи 81% какао путер, добиено е од многу ретка сорта зрна какао, кои растат само долж бреговите на Тихиот Океан во западниот дел на Еквадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.