Министрите за финансии од еврозоната одобрија продолжување на програмата за помош на Грција врз основа на планот за реформи предложени од Атина, соопшти во Брисел заменик-претседателот на Европската комисија и комесар за еврото Валдис Домбровскис.
– Списокот со реформи на Грција е доволно сеопфатен за да биде појдовна точка, напиша еврокомесарот на „Твитер“ по телеконференциската седница на 19-те министри од монетарната унија – јави дописникот на МИА од Атина.
Барањето на Грција за продолжување на програмата сега треба да биде одобрено и од парламентите на земјите-членки на еврозоната, прецизира Домбровскис.
Продолжувањето на програмата може да биде подложено на гласање во парламентите на Грција, Австрија, Естонија, Финска, Германија, Холандија и Словачка пред крајниот рок во сабота, кога истекува сегашниот договор за финансиска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.