Едноседот е дизајниран за да може самостојно да маневрира низ градските улици и да ги избегнува препреките и пешаците благодарејќи на системот за глобално позиционирање и ласерските сензори, и безбедно пристигнува до саканата дестинација со брзина до 6 километри на час.
Изумителите во Јапонија развија минијатурен автомобил кој автоматски може да превезе патници од точка А до точка Б, а тој да не треба да направи ништо.
Јапонската корпорација „Хитачи“ го претстави роботот за личен интелигентен транспортен систем во градот Цукуба.
Потребно е само да изберете дестинација на паметниот телефон на мапата и останатато да го препуштите на возилото.
Тежок е 200 килограми, а го движи литиумска батерија, а ако е потребно, патникот може да преземе контрола над возилото со помош на џоестикот кој се наоѓа во кабината.
Првенствено е смислено за да им помогне на старите и неподвижните, може да се користи и во затворени простории, а дури може и да влегува и излегува од лифтови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


