Жестока расправија синоќа во 19,50 часот на ул.„ЈНА“ во Тетово резултирала тешко повредено лице. По претходна меѓусебна расправија, Ј.С.(15) од Тетово со нож го повредил С.С.(22) од с.Порој, тетовско при што му нанел неколку убодни рани.
Поради карактерот на повредите повредениот од Клинички центар Тетово бил препратен во Ургентен центар Скопје.
По преземени мерки обавен е разговор со Ј.С. во присуство на родител при што со потврда за привремено одземени предмети одземен му бил нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поденсен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.