Политичкиот аналитичар Александар Пандов истакна дека кумановци секогаш кога се работело за одбрана на татковината застанувале први. Ова тој го посочи на синоќешната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Куманово.
– За жал Македонија сега повторно е нападната овој пат од внатрешен непријател со силна и сериозна поддршка на странски служби, а засилено медиумски со пари на Сорос кои се дадени за ширење на таа непријателска пропаганда.Македонецот повторно е доведен во ситуација да го брани идентитетот, името, својата држава, рече Пандов.
Според Пандов, лидерот на опозицијата Зоран Заев, пак, се обидува да внесе страв и поделба кај Македонецот.
-Сите сме сведоци дека овие неколку дена еден од лидерите на таа коалициска опозиција најотворено со платеник од грчка служба го тргува нашето име, нашиот идентитет, тргува со она што е најсвето на секој еден од нас, посочи Пандов.
Тој порача дека и покрај обидите за поделба, ние сме Македонци и такви ќе останеме.
– На првата прес – конференција првата работа што ја пласира е дека 26.000 граѓани се прислушувани. Досега слушнавме за 10-15, а само да ве постетам на истата прес – конференција тој ја намали таа бројка на 20.000, рече Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пандов: Заев зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум? Вака ли во ЕУ ќе одиме?(видео)