Русија во целост ќе прекине со испорака на гас за Украина во рок од два дена доколку Киев не плати за долговите. Тоа може да предизика и транзитен ризик за Европа, се вели во соопштение на „Гаспром“.
Директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер вели дека Украина не платила за гас испорачан во март и моментно повлекува се што може од платените залихи, со што сериозно ризикува укинување на испорака на гас.
Од претходно уплатениот аванс останале пари само за 219 милиони кубни метри гас.
-Потребни се два дена за да стигне уплатата на „Нафтогас“ на сметка на „Гаспром“. Поради тоа испораката на 114 милиони кубни метри гас за Украина ќе предизвика целосен прекин на испораката на руски гас веќе за два дена. Тоа ќе предизвика и сериозен ризик за транзитот за Европа, наведува Милер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.