СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје го предаде М.Б.(40) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 денови, соопшти денеска МВР.
Имено, пријавениот во текот на овој месец неовластено од непознато лице набавил и држел кај себе неодредена количина марихуана, која ја препакувал и чувал во својот дом, заради понатамошна продажба.
Со наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на М.Б. при што се пронајдени, полиетиленска кеса со непозната растителна материја, хартиена паковка со непозната растителна материја, дробилка црвена боја со непозната растителна материја и дигитална вага со натпис „LAICA“ со остатоци од непозната растителна материја и истите се одземени. Пријавениот е приведен во службените простории на Единицата, каде не дал појаснување на начинот на сторување на кривичното дело.
По извршено вештачење, констатирано е дека се работи за марихуана со вкупна маса 71,75 грама, метална дробилка со нето маса од 0,17 грама и хартиено паковање со нето маса од 0,58 грама мешавина од тутун и марихуана, а на дигиталната вага е констатирано дека има присуство на траги од иситнети и исушени врвни делови – вршункии кои потекнуваат од растението канабис.
Во претходниот период, стои во соопштението, против М.Б. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „прикривање“, „кражба“, „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.