Во неделата многумина уште еднаш, за време на церемонијата на доделувањето на Оскарите, ги гледаа најголемите ѕвезди на Холивуд. Малкумина знаат дека постои можност да присуствуваат во салата, па дури и да седат до познати личности како Џенифер Лоренс или Мерил Стрип.
Филмската академија на САД, вработува статисти за церемонијата, за да се осигура, дека секое место во салата ќе биде исполнето кога камерите ќе ја покажат публиката.
Еве како обичен човек може да присуствува на церемонијата и без да е номиниран за Оскар:
Доделувањето на Оскарите најверојатно е церемонијата, на која човек најтешко може да влезе како статист. Според интервју со еден таков човек за „AV Club“, треба да имаш роднина кој работи за Академијата или за „PricewaterhouseCoopers“, компанијата која ги брои гласовите.
Исто така мора да потпишеш договор за доверливост, што значи дека испитаникот од „AV Club“ можел да зборува само анонимно. На други слични церемонии, како „Златен глобус“, наградите „SAG“, наградите „Еми“ и филмските награди на „MTV“, исто така се ангажираат такви статисти.
Seatfillersandmore , Gotham Casting и Audiences Unlimited, се три од сајтовите низ кои може да се аплицира.
Започнувајќи како статисти на мали настани, луѓето добиваат можности да создатат контакти и да добијат внатрешна информации за тоа како да учествуваат на поголемите настани како „Оскар“. Аплицирањето сепак не гарантира дека ќе ве изберат.
Повеќето сајтови бараат биографија и слика, а некои дури и линк до профилот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Дрес-код
Позитивно е дека за многу вакви настани се бараат секаков тип луѓе, мажи, жени, како и луѓе од различна раса и на различна возраст. Не треба да изгледате како Бред Пит или Анџелина Џоли, но треба да сте добро негувани и да почитувате одреден дрес-код. Дрес-кодот се менува за секој настан. На церемонијата на доделувањето на Оскарите, постојат луѓе кои претходно ги проверуваат статистите, за да се уверат дека тие се придржувале до дрес-кодот. Облека во бела боја и смели дезени не се репорачуваат.
Практично треба да изгледаш добро, ако те покажат на телевизија, но не треба да изгледаш толку добро што да го одземеш вниманието од ѕвездите.
Се чека долго и има строги правила
Кога ќе дојде најголемиот ден, да си статист на „Оскарите“ и не е толку гламурозно, како што звучи. Со часови долгото чекање во редица, може да трае многу подолго, отколку седење до некоја позната личност во салата. Статистите треба да бидат подготвени да чекаат во ред со часови, најверојатно носејќи неудобни чевли и луксузни облека, пред да бидат избрани да влезат во салата. Откако ќе влезат, постојат строги правила за тоа како да се однесуваат. Тие немаат право да зборуваат со ѕвездите или со другите присутни, кои имаат покани за настанот, а да не зборуваме да си прават селфи со нив. Статистите не треба да прават ништо со што би привлекле внимание кон себе. Тие практично треба да се колку што е можно повеќе анонимни.
Плаќање
Да си статист е помалку работа, а повеќе волонтерско учество на престижен настан. На повеќето настани, вклучувајќи ги и „Оскарите“, нема плати, па единственото што ви преостанува е да се фалите и евентуално да ве видат на телевизија.
Бидејќи статисте поминуваат таму цел ден, понекогаш добиваат бесплатна храна.
Иако постојат многу ограничувања и нема плата, сите статисти, кои биле присутни на церемонијата, велат дека би го направиле тоа пак, ако имаат можност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.