Сан Антонио спарс не одигра во шампионски стил против Јута џез и поразот од 81-90 е сосема заслужен. Избраниците на Грег Попович тешко ја контролираа топката и поставија клупски рекорд сезонава со 22 погрешни додавања. Тоа доведе до 17 поени на противничките кошаркари, што беше клучно за 22. пораз. Дваесет и две загубени топки за 22. пораз на Сан Антонио, а за чудо најмногу грешеа најискусните прекалените шампиони Тони Паркер и Ману Џинобили со по 4 загубени топки.
Спарс се во негативна серија од три порази што може да ги чини скапо во битката за што подобра позиција во плејофот во Западната конференција. Моментно со биланс од 34-22 тие се на седмото место, а по осум екипи ќе учествуваат во разигрувањето за титулата од двете конференции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.