| четврток, 6 декември 2018 |

Акустичен концерт и документарен филм во АКСЦ

Акустичниот концерт на дуото KOCHER-MANOUACH и настапот на македонскиот амбиентален артист Amplidyne Effect, ќе се одржат по повод три години од постоењето на етикетата post global recordings во просторот на АКСЦ во четврток и петок, 26 и 27 февруари 2015 во 20 часот. По повод три години од своето постоење етикетата post global recordings ќе го претстави дуото KOCHER-MANOUACH од Швајцарија со акустичен концерт, додека вториот ден од овој настан и македонскиот музичар Мартин Георгиевски под својот псевдоним Amplidyne Effect со свој жив настап.

ilan

Дуото KOCHER-MANOUACHе составено од Jonas Kocher на хармоника и Ilan Manouach на сопрано саксофон, кој пред неколку години се сретнуваат во Атина додека работат на импровизациски проект со звук и движење. Скоро по тоа развиваат дуо – соработка, со еклектичен пристап кон импровизација, отаде било кој стил, додека ги користат истите алатки на практиката на слободна импровизација. Во подготовка е и нивниот нов албум. Додека звукот на Amplidyne Effect претставува фузија на амбиент, дрон и експериментална електроника; амалгам на долги гитарски делници и длабоки амбиентални пасажи на моменти вознемирени со неочекуван ритам. Покрај својата соло работа, тој е дел е и од проектот Post Global Trio​.

Во рамките на овој настан (втората вечер) ќе биде прикажан и документарниот филм за артистот кој се смета за основоположник на амбиенталната музика Brian Eno – Another Green World.  

Post Global Recordings e нет платформа за музика и звук фокусирана на амбиент, дрон, теренски снимки, саундскејп, пост класика и други сродни естетски форми, чија цел е да промовира нови артисти со сличен пристап во музиката и животот. Сајтот на издавачката етикета има улога и на  мала галерија за пејзажна фотографија, каде ќе се изложуваат дела на различни артисти кој работат во оваа област. Својата работа ја започна пред три години, а досега забележува тринаесет музички изданија потпишани од интернационални артисти, шест мини галерии со фотографии, едно видео и осумнаесет подкасти. Минатата година етикетата ја започна и едицијата LOCAL, која е наменета за издавање на локални артисти кој се бават со овој звук и каде веќе има две изданија. За претстојниот период веќе се во план уште четири нови изданија, едно во LOCALедицијата, неколку галерии и неколку нови видео записи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top