| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го предаде списокот со реформи

еу-и-грција

Грција ја предаде листата со реформи на Европската комисија. Денеска портпаролот на Европската комисија на социјалните мрежи објави порака со следниов текст: Навреме го добивме предлогот на Атина.

Друг извор од органот на извршната власт на Европската унија изјави за „Ројтерс“ дека листата е доволно широка и може да биде основа за договор.

Мерките што ги нуди владата на Алексис Ципрас предвидуваат построга контрола врз избегнувањето на даноците и строги мерки во борба против шверцот на тутунот и горивата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top