| четврток, 6 декември 2018 |

Гранпри на „Мал битолски Монмартр“ за училиштето „Спишска Бела“ од Словачка

mal bitolski monmartr-250

Меѓународното стручно жири за годинашната меѓународна ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“ соопшти дека наградата Гранпри за 2013 година е доделена на учениците од основното уметничко училиште „Спишска Бела“ од Словачка.

Претседателот на жирито и раководител на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Коста Хаџи Антоновски, истакна дека на конкурсот учествувале 543 училишта од 23 држави од Европа и од светот, со вкупно 15.287 цртежи.

– Највисокото признание на колонијата, наградата Гранпри, заслужено заминува за Словачка за ученците од основното уметничко училиште „Спишска Бела“. Добитници на Специјалната награда за колекција годинава се младите ликовни таленти од турскиот град Кочаели и од бугарскиот град Трговиште. Од пристигнатите 15.287 творби, 875 ќе бидат изложени на светската изложба која ќе биде отворена на 23 мај во Битола – посочи Хаџи Антоновски.

Со одлука на жирито, посебна покана за гостување и учество на годинашниот „Мал битолски Монмартр“ им е упатена на 21 екипа, а за време на одржувањето на колонијата во Битола ќе бидат доделени 18 награди „Златна четка“, 144 награди „Златна палета“ и 240 дипломи за поединечни остварувања на меѓународниот ликовен конкурс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top