| четврток, 6 декември 2018 |

Обединетите Арапски Емирати купија сателитски системи за една милијарда долари

satelitОбединети Арапски Емирати догововорија зделка во износ од една милијарда долари за купување на сателитски системи од европските производители „Ербас“ и „Талес“, изјави претставник на ОАЕ.

Зделката беше објавена денеска, на вториот ден од меѓународната изложба за одбранбени технологии  во Абу Даби.

Претседателот на изложбата Обади ал Кетби рече дека зделката за сателитите и опремата поврзана со нив е во износ од 3,75 милијарди дирхами (1,02 милијарди долари). Тоа е дел од објавените намери на ОАЕ да купи опрема за околу 2,6 милијарди долари.

ОАЕ сериозно инвестира во вселенски технологии, а минатата година објави дека планира да го испрати првиот арапски вселенски брод до Марс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top