| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами хит – победничка епизода број 23

Мајами е незапирлив и сериозно атакува на рекордот на Лос Анџелес лејкерс од 33 победи откако ноќеска со 105-103 го победи Бостон, остварувајќи ја 23. едноподруго победа.

Бостон е тимот што во сезоната 2007/08 ја прекина низата од 22 успешни настапи на Хјустон, но Мајами, сепак, се извлече иако губеше и со 17 разлика во првото полувреме. Џеф Грин им беше енигма со 26 поени во првото полувреме и импресивни 43 на целиот меч. Сепак, Мајами направи пресврт и продолжува победнички. Поените на одлука ги постигна Џејмс, од линијата за слободни фрлања, на десет секунди пред крајот. Леброн дуелот го заврши со 37 поени, 12 асистенции и седум скока. Марио Чалмерс постигна 21 поен, а Двејн Вејд стаса до 16. Кај домаќините, кои играа без Кевин Гарнет, блескаше Грин со 43 поени, додека Пол Пирс заврши со 17 поени и по осум скока и асистенции.

Лејкерс, сепак, не може без повредениот Коби Брајант. Постигнаа само 76 поени и загубија од Феникс санс со 99-76. Сонцата од Феникс, конечно, одиграа ефикасно и добро во одбраната и го растурија ривалот од Западот. Ги предводеше Луис Скола со 14 поени и 9 скока. Стив Неш беше најефикасен кај „езерџиите“ со 19 поени, додека Двајт Хауард дополни 16 со 11 скока.
Без три клучни играчи, Кармело Ентони, Амаре Стадемаер и Тајсон Чендлер, Њујорк никс успеа да ја победи Јута со 90-83, со што ја прекина серијата од четири порази.
Резултати: Бостон – Мајами 103-105, Шарлот – Вашингтон 119-114, Кливленд – Индијана 90-111, Филаделфија – Портланд 101-100, Атланта – Далас 113-127, Детроит – Бруклин 82-119, Чикаго – Денвер 118-119 (по продолжение), Мемфис – Минесота 92-77, Њу Орлеанс – Голден Стејт 72-93, Феникс – ЛА Лејкерс 99-76, Јута – Њујорк 83-90.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top