Македонската пејачка Тамара Тодевска вчеравечер првпат се појави како актерка во интимната претстава „Станица Љубов“ по текст на Александар Русјаков, а во режија на Синиша Ефтимов.
Во претставата Тамара ја игра Страста.
Претставата својата премиера ја имаше во клубот „Станица 26“, а покрај Тамара во неа играат и Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Камка Тоциновски, Ана и Јана Стојановски. „Станица Љубов“ повторно ќе се игра оваа недела, 1 март, на истото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.