| четврток, 6 декември 2018 |

Дневница 100 долари, мобилен, кредитна картичка и вијагра за борците во ИД

viagrata-e-atribut-na-boeca-ot-id-287600

Дневница 100 долари, мобилен телефон, кредитна картичка, дозвола за отсуство, издадена од повисок суд и вијагра, ова се дел од атрибутите на борците од групата „Исламска држава“ (ИД), кои се борат во Ирак и Сирија, пишува италијанскиот весник „Република“.

Весникот се повикува на извори од европските служби за борба против тероризмот и на извори во Сирија и Ирак. Просечната дневна плата на џихадистите е 100 долари. Според последните податоци на ЦИА, од крајот на 2014 година, во редовите на групата се борат 30 000 борци. Значи излегува дека издржувањето на оваа армија чини три милиони долари на ден. За една година тоа е 1 милијарда долари.

Групата се финансира од нафтени наоѓалишта кои таа ги  контролира, со откупи, трговија со дрога и грабежи на уметнички дела. Силите на ИД се поделени на две, во Ирак и во Сирија. Односно тие се контролирани од Абу Муслим ат Туркмени и од Абу Али Аламбари.

Џихадисти на ИД се оценуваат според пет критериуми.

Првиот е улогата што ја имаат во групата, вториот е преданост кон групата, третиот е стажот, четвртиот постигнувањата на бојното поле и петтиот здобиените рани. Највисока оценка се добива при шест месечно континуирано учество во борбените операции.

Бонус се добива и ако џихадистот е многу млад, под 20 години. Ако џихадистот е странец и се ожени со муслиманка од териториите на калифатот, тој добива плус бонус поени.

ИД има посебна служба за издавање на дозволи за викенди. Врз овие документи се става посебен печат на групацијата. Дозволите за отсуство се добиваат откако џихадистот веќе се покажал како верен на каузата. Тоа значи дека ја исполнил нормата за учество во борбите и операциите, бил ангажиран по 16 часа дневно, 7 дена во неделата, 6 месеци без прекин.

Оние кои дезертирале и ќе бидат пресретнати, се казнуваат сурово, понекогаш дури и со смрт.

Вијаграта пак им е потребна на џихадистите, за да се покажат на ниво за време на масовните силувања. Жените од освоените градови и села се масовно силувани од борците на групата, што се смета како знак дека ИД поминала низ оваа територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top