Кирил Лазаров ќе ја почне нокаут-фазата во Лигата на шампионите како крал на стрелците во Лигата на шампионите, со комотна предност од 7 погодоци. Со 76 прецизни удари Лазаров е убедливо прв, пред Тимур Дибиров од Вардар со 69 гола. Остварувањето на дуото водечки стрелци во ЛШ е признание и за македонскиот ракомет, а зад нив како трет најдобар стрелец е Момир Илиќ од Веспрем.
Во топ 10 се и Деревен, кој потпиша за Вардар и ќе го носи црвено-црниот дрес од идната сезона, со 62 погодоци, исто како и Гајиќ од Монпелје, потоа Хансен од ПСЖ со 61 гол, Житников и Спелерберг со по 59 и Линигер и Могесен со по 57 прецизни удари.
Утре во Виена ќе бидат познати осминафиналните двојки во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.