| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се прости ли Бош од кошарката?

Крис Бош има сериозни проблеми со здравјето и постои голема веројатност дека нема да продолжи да игра кошарка. Крилниот центар на Мајами хит и повеќекратен НБА-шампион заврши во болница, каде што му беше дијагностицирано згрутчување на крвта во белите дробови.

Kris-Boš-640x368

Бош сигурно ќе го пропушти остатокот од оваа сезона, а надежите се дека ветеранот, сепак, ќе успее да се врати на паркетот и да одигра уште некоја сезона. Среќа во несреќа е што навреме се откриени проблемите со крвотокот на Крис, а со слични проблеми пред две години се соочи и тенисерката Серена Вилијамс.

Таа успеа да се врати на тениските терени и игра на врвно ниво, што дава надеж дека и Бош ќе продолжи да игра кошарка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top