| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен шверц на марихуана на македонско-албанската граница

nt droga marihuana 20.02.2015

Дваесет и двегодишен албански државјанин, со уште едно лице кое е во бегство се спречени во обид за шверц на марихуана во близина на граничниот премин Блато на македонско-албанската граница.

При акцијата на македонските полицајци, во соработка со албанските полициски службеници, е фатен албанскиот државјанин П.М (22), а другото лице избегало кон село Шулан, Дебарско. Во нива во дебарското село Бањиште се пронајдени 1,975 грама марихуана, спакувана во најлонски кеси кои биле во јутена вреќа.

Против албанскиот државјанин П.М. како и против засега непознатото лице до надлежното основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекузори“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top