Британската рок-легенда Били Ајдол ќе биде предводник на изведувачите на првиот музички фестивал „Загреб колинг“, кој ќе се одржи на 14 јули, а во организација на „Авалон продукција“
На првиот „Загреб колинг“, Били Ајдол ќе ја посети хрватската престолнина во рамките на големата европска турнеја по повод неговиот актуелен албум „Kings and Queens of the underground“, кој на пазарот се појави во октомври минатата година. Покрај Велика Британија, Франција, Италија, Германија и многу други европски држави ова ќе биде единствениот настап на Ајдол во регионот.
Како специјални гости на Били Ајдол ќе настапат големите балкански атракции „Партибрејкерс“ и „Психомодопоп“, а за тоа кој ќе ја отвори вечерта ќе се знае во следниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.