| четврток, 6 декември 2018 |

„Убавицата и Себастијан“ во Кинотека на Македонија

unnamed

В четврток, 26 февруари, во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на филмот „Убавицата и Себастијан“ од 2013 година на режисерот Никола Вание. Во главните улогу настапуваат Феликс Босие и Чеки Карјо, информираат од Францускиот институт во Скопје.

Оваа авантуристичка и семејна драма, која се прикажува во рамките на редовниот француски киноклуб, содржи прекрасна музика и идеалистички приказ на хуманоста пишува „Ле Нувел Обсерватер“, а „Вание речиси се наметнува со својот неоспорен режисерски талент преку начинот на претставување восхитувачки пејзажи, планиски мотиви, но и на една силна приказна за прекрасно пријателство“ (Телесинеобс).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top