Судбината на верниците на македонската православна црква во Грција е очајна. Грчката влада веќе дваесет години го одбива барањето за дозвола да се изгради македонска православна црква во Аридеа (Соботско), а македонското малцинство во Грција секојдневно се соочува со комплексни процедурални казни, се вели во извештајот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за злоупотреба на правото на верската слобода во Грција – со акцент на случајот на македонската православна црква.
Во извештајот се истакнува дека во Грција не постои поделба на црквата и државата, и член 3 од Уставот ја дефинира грчката православна црква како главна „религија“ во целата држава. Според оваа дефиниција, членовите на грчкото православно свештенството се сметаат за државни службеници, а чинот на кремирање е забранет. Правниот систем во Грција, исто така, не дозволува верска слобода за други религии освен за припадниците на грчката православна црква. За ова сведочат големиот број обвиненија против турските муфтии од Ксанти, кои беа ослободени од судски прогон благодарение на Европскиот суд за човекови права.
ОМД наведува и примери на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија.
– На пример, грчките свештеници одбиваат да крштеваат деца со македонски имиња, а лидерите на грчката православна црква, како што е Митрополитот Антимос од Солун, јавно поттикнуваат насилство врз Македонците. Свештениците, кои се вработени во јавниот сектор создаваат мрежа на информатори да координираат со државната полиција за да се потиснат сите човекови права на Македонците во земјата, се вели во извештајот.
– Во согласност со меѓународното право, ОМД се надева дека Атина конечно ќе воспостави еднакви верски слободи за сите грчки државјани и жители. Членови на американскиот Конгрес, на Стејт департментот, како и членови на австралискиот, канадскиот и многубројни европски парламенти ќе добијат копија од нашиот последен извештај, и ние ќе продолжиме гласно да зборуваме во име на безгласните вески малцинства во Грција – изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.
Претставникот на ОМД во Грција, Евгенија Нацилиду, додаде:
„Додека грчката влада е зафатена со решавање на економската криза, во исто време во Грција има и социјална криза. За ова сведочи подемот на агресивната фашистичка политика во грчкиот парламент, како и подемот на тактиките на заплашување. Некои од новосоздадените фашистички елементи тесно соработуваат со грчката православна црква. На грчкото општество му се заканува ксенофобија и нетолеранција, а ние во ОМД напорно работиме за подигање на свеста во Европа и во светот за социјалната ситуацијата во Грција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


