Албанците во Јужна Србија нема да дозволат преместување или урнување на споменикот на загинатите борци од Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа (ОВПМБ), поставен во центарот на Прешево, изјави денеска Јонуз Муслиу, лидер на Движењето за демократски напредок.
Муслиу, кој е член на Коалицијата на Албанците од долината на Прешево, располага со едно место во српскиот парламент, изјави за белградски медиуми, дека на средба на лидерите на албанските партии од Јужна Србија е договорено споменикот да не се преместува, а општинскиот совет во Прешево да одржи седница на која ќе биде озаконет споменикот.
Според него на средбата на партиските лидери била разгледана наредбата на инспекцијата на Министерството за правда споменикот да биде отсртанет, што подлежи на жалба.
– Општините во Србија имаат законско право да ги легализираат спомениците на своја територија и тоа ќе го направат денеска општинските советници во Прешево, истакна Муслиу.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека споменикот на ОВПМБ, прогласена за терористичка организација, е „чиста провокација“ и ако властите во Прешево не го отстранат сами, државата ќе го направи тоа со сила. Поранешните членови на ОВПМБ од своја страна се закани со вооружен конфликт, ако владата на Србија се обиде да го урне споменикот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.