Пустец го слави враќањето на историското, автохтоно македонско име на Пустец во службена употреба. Насобраните на големата прославана по повод историскиот ден за Македонците од Пустец на плоштадот Гоце Делчев ги забавува групата „Персиди“ од Ресен. дел од нив за македонските медиуми велат дека дождот кој врне нема да им попречи на македонските песни и ора. И дождот е бериќет, коментираат.
Албанското собрание едногласно го донесе законот со кој се врати македонското име Пустец на општината која заедно со другите населени меставо 1973 добија албански имиња. Така, Пустец беше наречен Лиќенас.
„Неправдата е исправена“ оцени градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Првиот човек на општината и лидер на македонската алијанса за европска интеграција , најави бојкот на изборите во Јуни доколку албанските политичари не си ги исполнат ветувањата, а борбата за враќање на македонските топоними ќе продолжи.
Освен името на Пустец, предвидено е своите македонски имиња да ги добијат и населени места Леска, Зароше и останатите. По четириесет години, откако Енвер Хоџа ги наметнат албанските топоними, нашинците беа убедени дека сега ќе го добијат заслуженото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.