| четврток, 6 декември 2018 |

ОДС: Амди и Елвис Бајрам немаат засадено ни едно дрвце

amdi bajram– Изминатите 4 години локалната самоуправа предводена од Елвис Бајрам не успеа да реализира ништо, ниту една улица не е реконструирана, ниту едно капитално дело нема, ниту една инвестиција не е донесена. Елвис Бајрам заедно со Амди Бајрам немаат ни едно дрво засадено во Шуто Оризари – рече Едис Хасан од Обединети демократски сили, партија на Неждет Мустафа и на Шабан Салиу.

Сметаат дека Мустафа како градоначалник од 1996 до 2002 година покажал како треба да се биде менаџер. Во негово време бил направен Спортско рекреативниот центар, целосна реконструкција на 14 улици, изграден бил сегашиниот Центар за социјални работи, РОС центарот, плоштадот во Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top