| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца заразени од свински грип

Комисијата за следење на асостојбата со грип соопшти дека тројца граѓани се заразени со вирус на грип тип А (H1N1), познат како свински грип. Кај уште еден пациент е изолиран вирус од тип А, поттип H3N2, кој најчесто се среќава кај свињите.

Заразените биле во добра општа состојба откако почнале да примаат терапија.
Од Институтот за јавно здравје, пак, велат дека изминативе две недели се зголемил приливот на пациенти со симптоми на грип во инфективното одделение. Од први до 13 јануари годинава клинички се пријавени 411 лица со симптоми на грип, со што вкупната бројка на заболени со симптоми на грип, од октомври минатата година до сега, изнесува над илјада пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top