Таблоидите одамна пишуваа дека меѓу Том Круз и Олга Кириленко има симпатии, но тие одат чекор по чекор. Сега ќе биде што ќе биде – пишува „Д сан“ и најавува дека на промоцијата на новиот филм „Oblivion“, Том ќе ја носи Олга со неговиот приватен авион и ќе покаже иницијатива!

– Том има многу скриени адути во ракавот со кои ќе ја освои. Ќе летаат со неговиот авион од Њујорк преку Даблин до Јапонија, а Том планира на небото Олга да ја послужи со суши – вели извор за „Д сан“.

И таа не ги крие симпатиите кон него.
– Го гледам по цел ден и многу учам од него. Тој е несебичен и има повеќе енергија од сите актери што до сега сум ги запознала – изјави неодамна убавата Украинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


