| четврток, 6 декември 2018 |

Џибони ќе настапи во Будимпешта и во Прага како специјален гостин на „Симпли ред“

SLIKA-dziboni-03

Сплитскиот пејач Џибони доби шанса да ги тестира своите нови песни на англиски јазик пред европската публика, и тоа како гостин на „Симпли ред“.

На концертите во Будимпешна и во Прага, Џибони подготвува настап кој би требало да трае нешто повеќе од половина час, а планира да изведе седум нови песни кои ќе се најдат на неговиот албум „20th Century Man“.

– Ќе пејам само песни кои се на англиски јазик, но ако некој од публиката побара песни на хрватски, планирам да изведам една стара песна – вели Џибони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top