Јапонскиот произведувач на автомобили „Хонда мотор“ соопшти денеска дека претседателот на компанијата, Таканово Ито, ќе се повлече од функцијата, по скандалот со опасните воздушни перничиња во нивните возила.
Извршниот директор на „Хонда“, Такахиро Хачиго, ќе го замени Ито, кој како советник ќе остане во одборот на компанијата. Тоа е една од многуте промени во јапонската компанија, а во денешното соопштение не се спомнуваат проблемите со воздушните перничиња.
Одлуката за смена на претседателот е донесена по масовното повлекување на автомобили, во кои биле вградени воздушни перничиња на јапонската компанија „Таката“. Тие перничиња имале неисправни системи за напумпување поради кои биле можни експлозии, при што метални или пластични делови летале кон патниците.
Најмалку пет смртни случаи и повеќе десетици повреди низ светот се поврзани со тој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.