Австралискиот премиер Тони Абот најави денеска нови безбедносни мерки, вклучувајќи и одземање на државјанството на лицата поврзани со тероризам.
Канебара го зголеми нивото на закана од тероризам во септември минатата година и оттогаш изврши серија рации поради алармот, кој го предизвика заминувањето на 110 Австралијци во Ирак и Сирија за да се борат на страната на Исламска држава, од кои повеќе од 30 се вратија во татковината. Поради ова дојде до двојно зголемување на бројот на истрагите за тероризам за само една година.
– Според сите мерки, заканите за Австралија се зголемуваат. Бројот на странските борци се зголеми. Бројот на познатите симпатизери и приврзаници на екстремизмот се зголеми. Бројот на потенцијалните терористи кај нас се зголемува – изјави Абот и додаде дека мора да се стори нешто.
Канбера од август издвои 630 милиони австралиски долари за мерките против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.