| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан Стојановски повторно сам

vojdan stojanovski

Војдан Стојановски, кој во моментов ги брани боите на шпанскиот клуб Мора Банк Андора, повторно е на листата слободни стрелци. Имено, кошаркарот, кој неколку години беше во врска со манекенката Ива, решил да стави крај на романсата, а наводно причина за тоа била далечината, објави „Вечер“

Додека беа заедно, Војдан честопати знаеше да се врати во Македонија и да ја изненади саканата, а во неколку наврати и манекенката претстојуваше кај него, додека играше во Германија.

Од заедничките фотографии на нивните Фејсбук профили веќе нема ништо и апсолутно се што ги поврзуваше сега е избришано.

Дали ова значи дека е дефинитивен крај или пак гулапчињата ќе пробаат да и дадат уште една шанса на љубовта, останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top