| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички повторно!

Клубот од Градски парк по пауза од четири години го освои Купот на Македонија во кошарка

Во финалето од 23.Куп на Македонија најтрофејниот македонски кошаркарски колектив сосема заслужено го освои пехарот победувајќи го во финалето тимот на Кожуф со 74-66.
Кожуф влезе во финалето откако успеа да слави изненадувачка победа над главниот фаворит МЗТ Скопје.
Работнички во второполуфинале беше поуспешен од Куманово.
Кожуф беше рамноправен протвиник во првиот дел завршувајќи го во своја корист со 34-32. Клучен период за овој натпревар беше третата четвртина кога Работнички предводен од искусните Мираковски-Чековски-Гечевски потпомогнати од Павковиќ кој непромаши од зад линијата за три поени. Црвено-белите успеаја да слават дури со 17 поени предност (29-12) и на по 30 минути има недостижна предност од 15 коша (61-46)
Во поледниот период од играта при негатива 15 поени Кожуф со серија од 11-0 ја намали разлика на шест минути до крајот, но тоа беше се што сторија избраниците на Милош Пејиќ.
Најефикасен во победничкиот состав беше Чековски со 18 поени, а Павковиќ и Соколов постигнаа по 16 односно 12 коша.
Во Кожуф солидна партија пружија Јанушевиќ со 15,Дунџерски со 13 и Божовиќ со 11 коша.

За МВП на целиот турнир овој викенд сосема заслужено беше прогласен репрезентативецот Ѓорѓи Чековски.
Пехарот за победникот отиде во рацете на капитенот Јане Петровски.

Kup Rabotnicki 2015  (4) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top